Судии за 23.коло во ПМФЛ: Пројковска под Шара, Ќерими на “центарот“ во Кратово

663

Познати се двојките од последниот, трет круг во тековната сезона во ПМФЛ. Мечевите од 23.коло се закажани за во недела со почеток од 13 часот, освен дуелот Работнички – Тиквеш кој се игра во понеделник на ФФМ.

Познати се и судиите за ова коло. Ивана Пројковска ќе ја дели правдата на мечот Шкендија – Пелистер, додека Бењамин Ќерими ќе им суди на Силекс и Вардар, меч кој секако дека е дерби на колото.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 23.КОЛО – НЕДЕЛА (14 Ч)

Шкендија – Пелистер (Ивана Пројковска – Скопје)

Силекс – Вардар (Бењамин Ќерими – Скопје)

Гостивар – Брера (Александар Грујоски – Кичево)

Струга ТЛ – Воска (Јован Качевски – Струга)

Шкупи – Беса (Стојанче Стојанов – Штип)

ПОНЕДЕЛНИК

Работнички – Тиквеш (Александар Урошевиќ)

ПретходноВечерва битката за четвртфинале почнува и во ЛЕ и КЛ
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 22.КОЛО: Радиќ ја декласира Шкендија