Големо, огромно реми на тимот на Вардар среде Кратово денеска на дуелот против Силекс. „Црвено – црниот“ тим денеска во рамките од 23. коло на гостувањето кај високопласираниот тим пристигна за да се обиде да освои бодови, и тоа и го стори. Вардар извлече реми 1:1, со голот на Азер Омерагиќ, во еден многу тежок натпревар за играње во кој по само девет минути игра имаше негагива од 1:0.
Давор Талески кој пролетва прани одлично направи кардинална грешка по едно нафрлување на Додев, за да Ади Алиќ ја „собере“ таа топка пред него и реализира за водство.
Потоа следуваше период на вардарова офанзива во која што гостите се обидуваа да стигна до изедначување до полувреме. Тоа не се случи, па се замина на пауза.
Во продолжението на мечот, слична ситуација. Домашните останаа со десетмина што допилнително отвори простор Вардар да нападне. Тоа и се случи, Силекс од контра напади можеше да зголеми и на 2:0, а кога не ги искористи шансите казната стигна во последните секунди од мечот. Нафрлената топка голманот Џеков се биде да ја фати во скок во тоа не успеа, таа падна директно во нозете на Азер Омерагиќ кој што реализираше за 1:1.