Со петнаесетина минути задоцнување, во Кратово стартуваше дуелот помеѓу Силекс и Вардар, а на полувреме домашните водат со 1:0. Стрелец на голот е Ади Алиќ, кој што ја искористи лошата интервенција на Давор Талески во деветтата минута од мечот. Голманот на Вардар на ударот од лево на Додев реагираше лошо, топката се одби од неговите гради, на која што се одби до Алиќ, а овој реализираше за водство.
Вардар потоа се обидуваше да стигне до израмнување претежно од прекин, корнери и слободни удари, но засега тоа не му појде од рака.