Денеска на Чаир можеби го видовме и голот на сезоната во ПМФЛ. Имено се играше 60.минута на мечот Шкупи – Беса, кога гостинскиот играч Влатко Стојановски од повеќе од половина терен маестрално шутираше и успеа да постигне фантастичен гол за 1:3.
Секако дека голманот на домашните Денковски немаше свој ден, ако се знае дека направи катастрофална грешка при првиот гол на Беса.
На крајот резултатот гласеше 2:3.