Денеска на програмата беа пет средби од 23.коло во ПМФЛ. Мечот во Кратово започна со доцнење од половина час.
Инаку на останатите средби беше и тоа како интересно.
Брера на Маџари кај Гостивар имаше 1:2, со головите на Велков и Ѓорѓиевски од слободен удар, но во 88.минута Ајдоган израмни на 2:2. Прво Ајдоган шутираше од белата точка, голамнот ја одби до него а овој од втора ја затресе мрежата на гостите. Претходно Каланоски донесе водство на Гостивар од 1:0.
Беса до овој меч немаше гол оваа пролет, а денеска на Чаир даде три успеа да го победи Шкупи со 2:3. Видовме мајсторија на Влатко Стојановски кој во 60.минута од половина терен успеа да постигне фантастичен гол за 1:3 за Беса.
Струга ТЛ со голот на Малески во 88.минута ја “скрши“ Воска за победа од 1:0 во “Езерското дерби“, а Шкендија со голот на Ибрами бр.213 во кариерата во ПМФЛ успеа да дојде до победа од 1:0 против Пелистер.
Утре со почеток од 14 часот се игра средбата Работнички и Тиквеш, и тоа на ФФМ.
РЕЗУЛТАТИ – 23.КОЛО
ГОСТИВАР – БРЕРА 2:2
(Каланоски 25., Ајдоган 88./Велков 45., М. Ѓорѓиевски 52.)
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 1:0
(Ибраими 73./)
ШКУПИ – БЕСА 2:3
(Асани (п) 32., Рамани 79./Шефити 13., Лазаров (авт) 28., 60.)
СИЛЕКС – ВАРДАР 1:1
(Алиќ 12./Омерагиќ 90+8.)
СТРУГА ТЛ – ВОСКА 1:0
(Малески 89.)
УТРЕ, 14 Ч
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ