ЛШ: Барса во едно полувреме си „чекираше“ четвртфинале во ЛШ (ВИДЕО)

92

Рутиснки и доминантно, Барселона го потврди своето место во четвртфиналето на најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите. Со три гола уште во првото полувреме, момците на Ханси Флик ја запечатија победата најавена уште на првото гостување во Лисабон (0:1). Вечерва свое фудбалско шоу во првите 45 минути имаа Јамал и Рафиња, кои со погодоците до 42. минута веќе го трасираа патот на Каталонците меѓу осумте најдобри.

Јамал со извонредна асистенција го послужи Рафиња во 11. минута за водство на Барса од 1:0. Две минути подоцна Отаменди по еден корнер, успеа со глава да погоди за израмнување на 1:1. Во 27. минута Јамал сам заврши акција со фантастичен погодок за 2:1, а конечните 3:1 уште во првиот дел ги постави Рафиња со својот втор гол вечерва.

Барса беше подобар ривал и на двата меча од екипата на Бенфика и сосема заслужено е во четвртфиналето на ЛШ.

ПретходноАнчелоти: Не размислуваме и не тренираме пенали
СледноРистески: Покажавме дека овој тим има карактер и кога не игра најдобро