Љупчо Димовски ќе го спасува Еуромилк

1

Искусниот стратег, Љупчо Димовски се враќа во старото јато. Повторно ќе го води тимот на Еуромилк, каде што работеше во минатото.

Лисичани не го започнаа најдобро овогодинешниот ВМФЛ шампионат, и по шест кола имаат само четири освоени бодови.

Па така, по заминувањето на досегашниот тренер, Јован Трајков, Димовски седнува на клупата на некогашниот прволигаш.

Димовски и е добро познат на македонската фудбалска јавност, а неговиот ангажман во минатото беше поврзан со неколку екипи во соседна Грција, Хоризонт Турново, а беше дел и од младинската школа на Вардар  со кого го има освоено и Купот на Македонија.

 

ПретходноИталија без Распадори против Франција