Првичните прогнози за Марко Митев не се добри

8901

Натпреварот против Словенија во рамките на квалификациите нема да го паметиме по добро. Резултатот и поразот се во сенка на големата трагедија која и се случи на Македонија, откако во пожар во дискотека во Кочани животот го загубија засега 59 лица.

Но, ова не е единствената лоша вест од мечот во Копер, по само 18 минути игра се повреди еден од најдобрите македонски репрезентативци и лидер на Алкалод, Марко Митев.

Уште на снимките од повредата можеше да се види дека повредата е сериозна, Марко беше изнесен на носилки, а првичните прогнози се дека станува за преден вкрстен лигамент.

Митев ќе оди на нови прегледи во Скопје по што ќе бидат позноти сите детали, дали ќе бидат потврдени првичните прогнози и дека станува збор за преден вкрстен лигамент, што пак би значело долга пауза и голем удар за Македонија во најважните битки за пласман на ЕП 2026 и за Алкалоид во продолжение на сезоната.

Македонската ракометна федерација денеска испрати барање за одложување на натпреварот против Словенија после големата трагедија, но ЕХФ не го дозволи тоа. Секое спротивно сценарио од наша страна ќе значеше бришење на сите бодови од квалификациите за ЕП, како и можна дополнителна суспензија. Затоа нашите момци мораа да излезат на теренот и да го одиграат најтешкиот меч во историјата на македонскиот спорт.

ПретходноИнтер со победа се зацврсти на врвот во Серија А
СледноАрне Слот после поразот во финалето: Њукасл беше многу подобар и заслужено не победи