Денеска се одигра првиот дуел од викент кошаркарското коло во домашниот шампионат. Тимот на Куманово го совлада Вардар со конечни 57:74, а мечот го одбележа српскиот интернационалец, Тадија Тадиќ. Тој забележа трипл дабл, не така чест момент во домашниот шампионат, со 12 поени, десет скока и десет асистенции.
Овој негов учинок е премиерен за сезонава во домашниот шампионат.
Иако Вардар нема победа и е веќе потврден второлигаш за следната сезона сепак, Куманово не дека не се помачи со противникот денеска. Особено во првиот дел. Сепак, во третата односно четвртата четвртина до израз дојде искуството на гостите.










