Денеска на терените на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, У-18 селекцијата на Македонија во пријателски меч одигра 1:1 против соодветната селекција на Словачка.
Гостите поведоа со голот на Павлик во 54.минута, за да Али од пенал во 77.минута успеа да израмни на 1:1.
Селеторот Ерхан Селими овој меч го започна со следните единаесет:
Илоски, Радевски, Ристовски, Аслани, Атанасовски, Стојановски, Љатифи, Андоновски, Киш, Шаркоски.
Во четврток од 13 часот ќе се одигра уште еден пријателски меч, исто во Скопје, меѓу овие две селекции.