Трпевски даде гол од 40 метри, Србија во офанзива да игра за нив (ВИДЕО)

143

Црвена Звезда има нов Македонец покрај Матеј Гаштаров. Вакви се најавите во медиумите кај нашиот северен сосед кои најавуваат блескава иднина на супер-талентот Лука Трпевски кој веќе е најдобриот фудбалер во кадетската екипа на „црвено-белите“. Она што е интересно е тоа дека денеска малиот Трпески кој има 16 години дебитираше за младинците на тимот од „Маракана“. Иако неговиот тим загуби со 3:1 на гости кај ТСЦ вледи да се напомене неговото деби од соништата и маетсралниот гол од 40 метри.

Сето ова се случува на крајот од неделата во која Лука Трпевски и неговите родители добија понуда од Србија за добивање на пасош од оваа земја, а со тоа и право на младиот фудбалер да игра за репрезентацијата на нашиот северен сосед. Тој веќе има настапи и тоа официјални за Македонија и тоа во репрезентацијата до 17 години, а има и неофицијални натпревари за Шведска.

Талентот на малиот Лука Трпевски е неспорен и тој во летните месеци беше дел од Црвена Звезда со сениорите на подготовките во Златибор иако има смао 16 години.

ПретходноСега е официјално: Земун го претстави Ѓорѓи Мојсов (ФОТО)
СледноШампионски предизвик: Македонија денеска против одбојкарскиот див – Полска