Џеф Тиг, поранешниот НБА кошаркар ги анализираше претстојните двојки за плејофот. Тој е еден од најинтересните подкастери и човек со многу интересни анегдоти од неговата богата кариера која траеше од 2009 до 2021 година.
Тиг на многумина им е најпознат по времето во Атланта Хокс, но играше и за Индијана, Минесота, Бостон и Милвоки Бакс со кои стана шампион, а потоа ја заврши кариерата.
На својот подкаст, тој ги анализираше двојките од плејофот и зборуваше за состојбата на Западот, каде Денвер Нагетс ќе играат против Лос Анџелес Клиперс, додека Минесота Тимбервулфс ќе ги вкрстат копјата со Лос Анџелес Лејкерс.
Се чини дека Денвер можеше подобро да се снајде во првото коло од плеј-офот бидејќи Клиперси се исклучително тежок тим…
„Ми се допаѓа дуото Џејмс Харден – Кавај Ленард и мислам дека тие се подобри од Леброн Џејмс и Лука Дончиќ. Леброн има 50 години! Кави може да го чува Лука. Џејмс и Дончиќ се откажуваат еден со друг, и се разбира, Лука е подобар затоа што е помлад и може да направи повеќе, иако имаат слична статистика. Плеј-оф Кавај против 40-годишниот Леброн? Секако ќе го одберам Кавај“, изјави Џеф Тиг.