Најтрофејниот македонски одбојкарски стратег, Јошко Миленкоски, најверојатно и следната сезона ќе биде на клупата на грчки ПАОК. Финалистот во грчкиот куп и полуфиналист во годинешниот првенствен плеј-оф нема намера да се раздели со селекторот на нашата репрезентација по завршувањето на тековната сезона.
Според информации од грчките медиуми, ПАОК веќе му понудил нов едногодишен договор на Миленкоски, за кој се очекува само одговор од нашиот стратег. Миленкоски во последните неколку сезони на клупата на составот од Солун испиша неколку историски резултати освојувајќи ги грчкиот куп и Суперкупот на оваа земја, како и континуиран пласман меѓу најдобрите четири екипи во едно од најсилните одбојкарски првенства во Европа.