Од бајка до шок: Нова агонија и нова пауза за Нејмар

108

Фудбалскиот клуб Сантос соопшти дека Нејмар ќе отсуствува од терените одреден период поради повреда на бутниот мускул.

Враќањето во Сантос навистина беше бајковито, но беше поплочено со бројни проблеми со физичката кондиција на бразилскиот ас кој пред две години не успеа да најде никаков континуитет.

По 34 минути против Атлетико, Нејмар се очекува да биде надвор од терените четири до шест недели, според ESPN. Наводно, ќе се работи на опоравување и зајакнување на неговиот мускул за да се избегнат повреди во иднина.

Сантос моментално е само 13-ти во поредокот на бразилското првенство со четири бода.

После ова, прашање е дали Нејмар воопшто ќе игра фудбал до Светското првенство следната година на кое планираше да учествува.

ПретходноГрег Попович со брза помош бил пренесен во болница откако се онесвестил во ресторан
СледноПМФЛ: Вардар по бодови во Охрид, дербито се игра во Струга, ќе биде “жешко“ на Арената и во Кавадарци