Фантазија или не: Сите европски трофеи сезонава во Лондон? Можно е!

281

Во историјата на европските купови само еднаш се случило сите победници и трофеи од европските натпреварувања во една сезона, да одат во една земја. Тука мислиме на КЕШ, Куп Уефа и Купот на Куповите или по ново ЛШ, ЛЕ и КЛ.

Тоа беше во сезоната 1989/90 кога сите три пехари заминаа во Италија, Милан (КЕШ), Сампдорија (КПК) и Јувентус (КУП УЕФА).

Но, никогаш, ама баш никогаш не се случило во еден ист град да отпатуваат сите три пехари.

Е, оваа сезона тоа може да се случи и тоа во Лондон.

Да, звучи неверојатно, но сепак можно е.

Во ЛШ екипата на Арсенал игра полуфинале со ПСЖ, значи може да дојде до пехарот.

Во ЛЕ екипата на Тотенхем игра полуфинале со Бодо/Глимт, значи и овој тим може да дојде до пехар.

И на крај, екипата на Челзи игра полуфинале во КЛ со Ѓургарден.

Од ова произлегува дека не е неможно.

Па, ајде да видиме дали по улиците на Лондон ќе има тројно славење.

ПретходноНеверојатно: Еве како Англија би имала СЕДУМ екипи во Лигата на Шампионите!
СледноПознати се сите двојки за плеј-офот во НБА: Елиминација на Далас!