Алкалоид по нова историја: Норвешки предизвик за европско финале!

241

Алкалоид, единствениот македонски претставник во европски рамки, вечерва (19 часот) на домашен терен го пречекува РК Рунар Сандефјор во рамките на првата полуфинална пресметка во ЕХФ Европскоот Куп.

Тренерот, Кирил Лазаров и неговите момци имаат шанса да испишат нова клупска историја. Тие до полуфиналето стигнаа со седум победи и едно реми, а секој следен чекор во ова натпреварување беше голем успех за младиот тим на Алкалоид.

Рунар ќе биде голем предизвик за актуелниот освојувач на Купот на Македонија. Норвешкиот тим до полуфиналето урна силни имиња, а самиот факт дека игра скандинавски ракомет, доволно говори за каков противник станува збор.

„Не очекува еден тежок меч против незгоден противник. Во изминатиот период имавме доста тешки натпревари, со квалитетни противници во лигата во рамки на плеј-офот. Доста го анализиравме Рунар, со доста материјали. Имаме доста информации кои ни покажуваат дека се работи за сериозна екипа со скандинавски стил кој не ни одговарал многу низ историјата. Рунар до полуфиналето дојде со победи над квалитетни ривали како Целје, Бешикташ и Олимпијакос. Сите овие противници кои ги набројав Рунар ги елиминира во двомеч, така што не очекува доста тежок натпревар не само во Скопје, туку и во Норвешка. Пласманот во полуфиналето со македонски сили секако дека е успех, се надевам дека ќе имаме сила и енергија по тешките мечеви да излеземе на терен и да водиме тешка борба во целите 60 минути, знаејќи го нивниот стил“, изјави Лазаров на прес-конференцијата, кој заедно со капитенот Игор Ѓоргиев посакаа и за оваа средба трибините да бидат исполнети. 

Алкалоуд веќе извесен период е без помошта на својот најдобар ракометар, Марко Митев, кој е успешно опеиран, како и без искусниот Никола Костески, кој исто така мораше да оди на хируршка интервенција.

Дуелот меѓу Алкалоид и Рунар ќе биде директно пренесуван на МРТ.

ПретходноРаниери: Не сакам Рома да го губи времето со мене
СледноДиего Симеоне: Едноставно одигравме лошо