Оклахома го понижи Мемфис во првата средба од плеј-офот

146

Кошаркарите на Оклахома одиграа неверојатен прв плеј-оф меч, декласирајќи го Мемфис со 131:80. Во првата рунда од плејофот на Западната конференција, Оклахома ја потврди кандидатската улога за шампионскиот прстен.

Ова беше петти натпревар на двата тима сезонава и петта победа на Тандер, овој пат најубедлива.

Разликата во еден момент достигна и до +56 и покрај тоа што клучните играчи на Оклахома предвреме го завршија натпреварот.

Ендрју Вигинс беше најефикасен со 21 поен и четири скока, Џејлен Вилијамс додаде 20 поени, шест асистенции и пет скока, а Чет Холмгрен имаше 19 поени и 10 скока.  На другата страна се истакнаа Марвин Бегли со 17 поени.

Вториот натпревар од плеј-оф серијата е закажан за в среда.

ПретходноНавивачите на Ливерпул чекаат титула: Прослава во среда или в недела?
СледноФОТО: Дај „пет“ за финале – Алкалоид пишува историја!