Ливерпул гостува кај Лестер во натпреварот од 33.коло на Премиер-лигата. Натпреварот започнува во 17:30 часот и може да ги круниса „црвените“ со титула доколку Арсенал загуби од Ипсвич.
Ливерпул има 76 бодови, а Арсенал 63 со преостанати шест натпревари. Тимот на Арнес Слот има најмногу постигнати голови во една сезона: 74.
Лестер е на претпоследното 19. место во поредокот и секој резултат освен победа ќе значи дека „лисиците“ испаѓаат од Премиер-лига. Во моментов се на 17 бода од спасувачката 17-та позиција на Вулверхемптон.
Лестер беше во серија од 8 последователни натпревари без постигнат гол во Премиер лигата, пред да ремизира 2:2 на гостувањето кај Брајтон.
Ливерпул загуби три од последните 5 официјални натпревари. „Црвените“ загубија од Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, а загубија од Њукасл во финалето на Карабао купот.
Последниот натпревар меѓу двата тима се одигра на 26 декември на „Енфилд“ и Ливерпул победи со 3:1. Ливерпул е во серија од шест последователни победи против „лисиците“.