Конте најави заминување од Наполи: Не можам да живеам со чуда!

271

Антонио Конте јасно стави до знаење дека е подготвен да го напушти Наполи ова лето. Тој упати сериозно предупредување до раководството на клубот, посочувајќи дека може да си замине доколку не види соодветно планирање и вложување во иднина. Специјалистот нагласи дека не може да се потпира само на „чуда“ за да постигне успех.

Конте, кој го презеде Наполи пред почетокот на сезоната, изрази загриженост поради недостатокот на јасна стратегија и долгорочни планови. Тој инсистираше на тоа дека е неопходно да се инвестира во квалитетни играчи и да се создаде цврста основа за идни успеси, наместо да се потпира на случајни резултати.

„Среќен сум во Неапол, како и моето семејство, бидејќи има сонце, прекрасна храна, луѓето се гостопримливи, но ова е мојот личен живот и не можам само да застанам тука.

Јас носам одговорност и не сакам да ги разочарувам навивачите. Имам почит кон претседателот Де Лаурентис. Тие побараа од мене да подадам рака за помош и тоа го правам, но навивачите на Наполи сакаат да победат и да ја имаат таа амбиција”, продолжи Конте.

Тој напомена дека му треба многу подобар состав доколку за да Наполи биде конкурентен.

„Морам да проценам сè, не сум глупав. Направив голем притисок врз себе, но ми треба и вистинското оружје за борба. Ќе седнам со претседателот да разговараме, па потоа ќе видиме каква одлука ќе донесам“, изјави тренерот на Напол.

Запрашан дали верува во шансите на тимот да го предизвика Интер за титулата, Конте одговори:

„Мораме да продолжиме да веруваме и исто така да имаме малку среќа. За жал, среќата е против нас уште од јануари“.

ПретходноЈокиќ удри по НБА: Мене не ми дозволуваат да ги врзам врвките, а погледнете што направи тој (ВИДЕО)
СледноРаниери: Не сакам Рома да го губи времето со мене