Раниери: Не сакам Рома да го губи времето со мене

144

Клаудио Раниери оваа сезона успеа да ја врати Рома од мртвите, откако тлееше дури и во долната половина на табелата, тимот успеа да се разбуди и да се избори за Лигата на шампионите. По победата против Верона дојдоа на дофат на четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

“Беше тежок натпревар, очекувавме вакво нешто. Верона е многу силен тим физички, не притискаат, имаат двајца многу брзи напаѓачи. Моравме да бидеме ефикасни од самиот почеток. Сите одиграа добро. Сега можеме да уживаме и за Велигден”, изјави Раниери.

Рома сега има 57 бода по победата над Верона, само два бода помалку од четвртопласираниот Јувентус. Новинарите го прашаа Раниери дали можеби се предомислил да остане во Рома.

„Уште една година во Рома со мене ќе биде неуспех Не сакам Рома да си го губи времето“, рече тој.

ПретходноКонте најави заминување од Наполи: Не можам да живеам со чуда!
СледноАлкалоид по нова историја: Норвешки предизвик за европско финале!