Вардар добива службени 3:0, Воска со минус од 3 до 9 бода!

1636

По се она што се случи вчера во Охрид, кога домашните фудбалери на Воска на барање на тренерот Клодиан Арбри го напуштија теренот при 1:1, во таа 76.минута епилогот е само еден.

Претходно да кажеме дека судијата не свирна крај, па затоа Вардар ќе добие службени 3:0 а против Воска се покренува постапка. А потоа се знае, клубот од Охрид и тоа како ќе биде казнет и со одземање на бодови од 3 до 9 бода.

Ова значи дека Воска сама си пресуди во поглед на нејзиниот опстанок. По ова клубот од Охрид следната сезона ќе игра во Втора лига, па пак нека го слушаат оној анонимус од тренер.

И што е најинтересно, голот на Вардар за 1:1, на Дурански, беше чист гол, топката беше зад гол линијата откако сите се уверија по гледање на ТВ снимката.

ПретходноДиего Симеоне: Едноставно одигравме лошо
СледноДали Ливерпул денеска ќе стане шампион?