МВР ги пушти приведените играчи на Гостивар, пасошите им се одземени, добија и кривични пријави!

2150

Како што велат нашите информации, откако дале изјави и им се поднесени кривични пријави, вчера тројцата играчи на Гостивар и едно лице од стручниот штаб на овој клуб се пуштени од страна на МВР, односно од надлежните на полициската станица во Струга. На сите четворица пасошите им биле одземени, а против нив поднесени биле и кривични пријави за напад на службено лице.

Допрва ќе се види како сега ќе се одвива целата процедура.

Познато е дека по мечот во саботата со Струга ТЛ, овие четири лица при мешаницата пред соблекувалните на стадионот во Струга,нападнале припадници на МВР затоа и беа приведени и однесени во полициската станица каде беа задржани околу 24 часа.

ПретходноПерез му подари специјален дрес на Новак Ѓоковиќ (ФОТО)
СледноОфицијално: Постапка против Воска, ќе има и казни за охриѓани, прекинатиот меч е регистриран со 3:0 за Вардар!