Џонатан Тах, еден од најдобрите фудбалери на се уште актуелниот германски првак Баер (Л), најави заминување од Леверкузен на крајот на сезоната.
„Клубот знае сè, отворено зборував со нив за тоа, како и секогаш. Ова беше кажано од самиот почеток. Во одреден момент донесов одлука да не го продолжувам договорот и да не останам во клубот. Токму таква е ситуацијата сега“, рече дефанзивецот.
Германскиот фудбалер за Баер настапува од сезоната 2015/16. Во тековното германско првенство има 29 натпревари и два гола. Најверојатната негова следна дестинација е Шпанија, во еден од двата гиганти, Реал (М) или Барселона.