Познат распоредот за 8.коло: Вардар – Шкендија (А) се игра в сабота на ФФМ под рефлектори!

189

Познат е распоредот за мечевите од 8.коло во ПМФЛ, последно пред да има тринеделна пауза поради настапите на нашата селекција во Лигата на Нации.

Секако дека најинтересно се очекува да биде на мечот Вардар – Шкендија Арачиново, шампионот против хитот на досегашниот дел од сезоната. Овој натпревар се игра в сабота на ФФМ од 20 часот, но без гледачи ако се знае дека Вардар е казнет поради инцидентите на дуелот со Арсими во 6.коло.

Шкендија за првпат ќе биде домаќин во Гостивар и тоа против Башкими, Струга ТЛ го чека Арсими во понеделник, а во петок во Кратово се игра дуелот меѓу Силекс и Тиквеш. Повторно во недела нема да има прволигашки фудбал, додека Брегалница – Скопје се игра во среда (23 септември) на барање на штипјани.

РАСПОРЕД И САТНИЦА ЗА 8.КОЛО

ПЕТОК – 16 Ч

Гостивар: Шкендија – Башкими

Кратово: Силекс – Тиквеш

САБОТА – 20 Ч

Скопје (ФФМ): Вардар – Шкендија (А)

ПОНЕДЕЛНИК – 16 Ч

Струга: Струга ТЛ – Арсими

СРЕДА (23.09)

Штип: Брегалница – Скопје

ПретходноОд ФФМ известија: Судиите биле без грешка!
Следно„Четири од четири“ за римјаните: Рома си гази, ама и Комо победнички против Парма