Раритет во Словенија: 10 години по ред никој не успеал да одбрани титула!

359

Фудбалското првенство на Словенија оваа сезона влегува како вистински раритет на европската карта. Откако стана јасно дека екипата на Целје ни математички веќе не може да ја одбрани титулата, Словенија веќе 10-та сезона по ред ќе има различен клуб-шампион. Ова во последната декада не се случило во ниту една европска земја!

Во сите преостанати 54 членки на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), чекањето на клуб кој што ќе ја одбрани титулата во националното првенство секогаш било пократко од овие 10 години, колку што се чека во Словенија. Албанија и Португалија беа најблиску до овој раритет на Словениците, каде се чекаше на девет, односно осум години за еден клуб да биде шампион најмалку две години по ред. Словенците од 2015-тата до денеска секоја сеозна имаат нов шампион. 

Марибор доминираше со серија титули до 2015-тата, а потоа почна серијата промени на шампионскиот трон. Од 2016 година, па се до оваа 2025, Словенија секоја година има различен клуб-шампион. Така ќе биде и годинава, кога престолот од Целје ќе го наследи некој од лутите ривали – Олимпија или Марибор. Олимпија засега е во предност со 69 бода, 7 повеќе од Марибор, кој има им меч помалку.

ПретходноШтип УГД не успеа да избори „мајсторка“: Струмица го одбрани шампионскиот трон!
СледноОлмо: Во Барса дојдов за да ја освојам Лигата на шампиони