Заслужено: Усман Дембеле е најдобар играч во шампионатот на Франција

87

Немаше дилеми дека Усман Дембеле сезонава ќе биде прогласен за најдобар во шампионатот на Франција.

Иако истиот сеуште не е завршен, сепак, наградите се веќе доделени, а Дембеле е заслужено на врвот. Со него, ПСЖ ја освои титулата во домашниот шампионат, а има можност да се закити и со најсјајниот трофеј во фудбалот, оној во Лигата на Шампионите.

Дембеле досега има постигнато 21 гол и шест асостенции на 28 мечеви во шампионатот на Франција.

За најдобар млад играч пак е прогласен исто така член на ПСЖ, а тоа е Десире Дуе.

 

ПретходноПораз и против домаќинот на развојниот турнир во Црна Гора
СледноБарса му понуди нов двегодишен договор, a тој вели: Прво да ја прашам жена ми…