Велс убедлив против Лихтенштајн, Норвешка ја декласира Италија, Хрватска броеше до седум!

3133

Покрај мечот Македонија – Белгија од нашата група Ј, кој заврши со 1:1, се играше и дуелот меѓу Велс и Лихтенштајн. Победи фаворитот со убедливи 3:0 и сега оваа селекција прва на табелата со 7 бодови, Македонија е втора со 5 бода.

Стрелци на головите за Велс беа Родон, Вилсон и Мур.

Вечерва се одиграа уште четири средби. Најинтересно беше во Норвешка, каде што домашната селекција прости ја распарчи Италија со 3:0. Серлот, Нуса и Халанд уште во првиот дел им стегнаа три гола на „аѕурите“ и си ја завршија работата.

Хрватска славеше со 7:0 на гостувањето кај Гибралтар, Чешка со 2:0 ја победи Црна Гора а Израел со 3:1 победи кај Естонија.

ПретходноЕлмас: Треба да бидеме задоволни, покажавме добра игра против една од најдобрите репрезентации!
СледноМилевски: Ова е еден до најдобрите мечеви на Македонија, голема концентрација на Казахстан