Елмас: Треба да бидеме задоволни, покажавме добра игра против една од најдобрите репрезентации!

1476

Елиф Елмас одигра одличен меч, во првото полувреме погоди статива, а додека во вториот дел неговиот гол беше поништен поради офсајд. После мечот емоциите се измешани, можеме да жалиме за пропуштена шанса за победа, но дефинитивно сите треба да бидат среќни за освоенио бод против една репрезентација како што е Беглија.

„Во првото полувреме имавме две стативи, стварно среќата не беше на нашата страна. Сепак, можеме да бидеме задоволни, бидејќи покажавме добра игра против една репрезентација која е на високо ниво. Не можам да бидам среќен, но задоволен сум со бодот. 

Како што почнавме со три бода, гледаме на секој меч да дадеме максимум, секако одиме на три бода и против Казахстан знаеме што носат. Сакаме да дадеме сè што можеме од нас на теренот. На сите ни е сон пласман на Светско првенство, овој меч само поттик за следните натпревари. Се надевам дека ќе ги освоиме три бодови против Казахстан“, рече Елмас.

ПретходноГарсија: Македонија заслужи бод на овој меч
СледноВелс убедлив против Лихтенштајн, Норвешка ја декласира Италија, Хрватска броеше до седум!