Страшно силниот по имиња состав на Белгија вчера тренираше на нашиот најголем стадион во Скопје каде вечерва од 20:45 часот го игра квалификацискиот меч со Македонија од рамките на квалификациите за пласман на СП 2026. Во експедицијата на „ѓаволите“ од Белгија е и славниот Енцо Шифо. Тој беше предводникот на Белгија од пред 3 децении а вчера со неговиот колега од тоа време Де Билде исптаија порака:
„Тука пред точно 30 години победивме со 0:5“.
И навистина е така: Во таа 1995 година но на 7 јуни пред празните трибини (Македонија беше казнета од УЕФА), Белгија стигна до убедлива победа од 5:0 која е и најтешката на домашен терен за нашиот национален тим. Да се надеваме дека Шифо вечерва во Скопје ќе биде исто така тажен како во 1994 година и првата наша пресметка со Белгија кога ги шокиравме среде Брисел со 1:1 и оној антологиски гол на Чоко Бошковски со Прудом на голот на Белгија.