Пелистер му даде нов едногодишен договор на Богдан Радивојевиќ. По две успешни сезони во првакот на Македонија, десното крило постигна согласност за соработка и за сезоната 2025/26.
32-годишниот Радивојевиќ во сезоните 2023/24 и 2024/25 одигра 27 натпревари за Пелистер во Лигата на шампионите, а минатата сезона го освои и шампионатот на Македонија.
ГРК Охрид продолжува со создавање на тимот за следната сезона во која треба да биде вистински кандидат за титулата во домашниот шампионат. Езерскиот клуб ќе биде предводен од Ројевиќ на располагање ќе го има и младиот Илија Трајчески, кој во овој тим ќе остане најмалку три години.










