Македонија одигра уште еден храбар, одличен меч. Тактички бевме уште еднаш одлични, да не кажеме перфектни. Македонија против една силна Белгија покажа како треба.
Имавме шанси и за победа, ВАР во два наврати судеше против нас, но ни тоа не не поколеба.
Иако до 86.минута губевме, сепак како да се чувствуваше во воздухот дека не е крај. Дека Македонија може и сака.
И тогаш дојде таа асистенција на Чурлинов и супер гол на Алиоски за 1:1.
Македонија покажа дека никогаш не се предава, Македонија уште еднаш им ги наполни срцата на сите нејзини фанови.
Оваа Македонија тука не застанува…