Алиоски после голот: Ако си крал – крал си!

5790

Македонската фудбалска репрезентација има фантастични 1:1 со пресилната и далеку фалена Белгија во рамите на квалификациите за пласман на Светското првенство. На овој начин нашите момци продолжија во одличен ритам и останаа непоразени. Стрелец на израмнувачкиот гол за нашата репрезентација беше Алиоски.

„Ако си крал – крал си. Нормално е дека сум среќен, сакаме да победуваме на секој натпревар. Имавме шанси и на оваа средба. Белгија е добра екипа. Мора да гледаме напред и да мислиме на мечот со Казахстан“, рече по мечот Алиоски.

Нашите фудбалери утре патуваат за Казахстан, мечот се игра во понеделник.

ПретходноБраво момци: Ова е таа Македонија која никогаш не се предава!
СледноГарсија: Македонија заслужи бод на овој меч