Фудбалерите од „отворен Балкан“ не се странци, двајца и во Втора лига!

1947

Во текот на денешниот ден на седница на УО на на ФФМ се очекувата неколку одлуки, а ќе има и корекција во правилото “странец“. Најавено е дека фудбалерите кои играат во Македонија, а доаѓаат од земјите на „Опен Балкан“‚ нема да го имаат статусот на странци во шампионатот на нашата Прва лига. Прецизната одлука се чека во текот на денов, но постои предлог двајца фудбалери (по еден од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косоцво), ама само по еден од споменатите земји да не бидат третирани како странци и да влезат во квотата со оние плус четворица за кои не се плаќа бонус. Тоа значи дека секој клуб може да има 6онус странци, а да не плаќа кон ФФМ со тоа што двајца може да бидат од споменатите земји. Засега не е прецизирано за играчите од Србија. ФФМ дава зелено светло за играчите кои доаѓаат од земји во кои веќе имаат таков третман на домашни играчи нашите фудбалери од Македонија.

Таксите за бонус играчи ќе има и тоа зголемени за по 1500 евра за седмиот, осмиот, деветиот и десетиот странец.

Предлогот кој треба два биде усвоен се однесува и за „зелено“ светло за странци и во Втората лига и тоа максимум по двајца во секоја екипа. Тие кои сакаат „странци“ ќе мора да платат бонус кон ФФМ по 4.000 за првиот и 5.000 за вториот фудбалер кој би играл за нив, а нема македонско државјанство. Странците и во Првата и во Втората лига не влегуваат во правилото „младинец“.

Од претходно е познато дека веќе се е подготвено за одлука и кратење на Првата лига од 12 на 10 клубови. Потврдата се очекува во текот на денешниот ден со што од сезоната 2026-2027 во елитата ќе има 10 прволигаши што значи дека во новата сезона 4 клубови ќе испаднат во понизок ранг. Ќе има кратење и во Втората лига!

 

ПретходноИзмени во правилото „младинец“ од национален интерес!
СледноРадивојевиќ уште една сезона во Пелистер, ГРК Охрид го завери 14-годишниот Трајчески!