Кошаркарскиот клуб на Работнички летово е доста активен. Откако назначи нов шеф на стручен штаб во името на Владимир Мирковски, а го комплетираше и неговиот сет на помошници, време е клубот да се позанимава и со играчкиот кадар.
Па така, предмалку КК Работнички објави дека се засилува со интернационалецот од САД, Брет Томпсон, како и со нашиот Филип Наков кој што играше за Вардар.
Работнички во новата сезона планира да има сосема нов лик, првенствено поради фактот сака веќе во септември да се врати дома, поточно во реновираната сала во Градски парк.
Потоа секако, и со нов тренер, освежена екипа, но и со амбиции за пласман во самиот врв да тргне во новата сезона во која што, повторно главен ривал ќе е тимот на МЗТ Скопје Аеродром, но да не се заборави и тимот на ТФТ.










