Поради присуство на концертот на хрватскиот пејач Томпсон, тимот на Војводина експресно го раскина договорот со голманот Филип Ивиќ. Сега веќе поранешниот голман на Е.Пелистер пристигна во Војводина летово како големо засилување, но очигледно дека управата на клубот нема слух за она што Ивиќ го направи изминатиот викенд.
Тој присуствувал на големиот концерт на контроверзниот Томпсон, кој на хиподромот во Загреб собра преку половина милион луѓе, и тоа очигледно во Србија е недозволиво.
Па затоа, Ивиќ уште не започнат во Војводина ќе мора да си побара друга средина.
FOTO E.Pelister










