На само три дена од стартот на овогодинешниот европски пат на екипата на Вардар, време е да се стартува со она што се вели најава за претстојните дуело.
„Црвено – црниот“ состав, в четврток од 20:30 часот на Арената Тодор Проески во Скопје го пречекува претставникот на Сан Марино, Ла Фиорита, инаку екипа која што заврши како втора во тамошниот шампионат.
Противник по мерка што се вели, со оглед на тоа кој се можеше да се падне на ждрепката. Далеку од тоа дека Ла Фиорита ќе биде лесен противник, напротив, Вардар мора максимално да се посвети на мечот, како што тоа и го прави.
Сепак, реално мора да се мисли до некаде и на противникот, кој што очигледно сака „скапо да ја продаде кожата“ во Скопје. Токму затоа, во изминатите десетина дена доведе доста нови играчи за кои смета очигледно дека ќе го подигнат нивото на тимот и истиот ќе биде поконкурентен.
Се се тоа релативно анонимни играчи кои што доаѓаат од пониските италијански лиги или од директните конкуренти на Ла Фиорита, конкретно тимот на Тре Пене.
Андреа Грандони како лев бек, Томасо Гуиди како лево крило, Елиа Ди Џули e голман, стоперите Мирко Друди и Антонио Барета, креативецот Лоренцо Дорми, и играчот за врска Филип Балдинини.










