Утре Шкенија, како прва од нашите екипи ја стартува својата одисеја во фудбалска Европа. Нашиот шампион во првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ, ќе му гостува на ТНС, шампионот на Велс и тоа на “Парк Хол“ стадионот во Освестри со почеток од 20 часот. Реваншот се игра за седум дена во Скопје.
Познато е дека ако тетовци ја минат оваа пречка тогаш во втората кцвалификациска рунда ќе се сретнат со подобриот од двомечот меѓу ФЦСБ (Романија) и Ескалдес (Андора).Во спротивно се селат во ЛК каде во 2.квалификациско коло ќе играат со поразениот од двомечот меѓу Дрита (Косово) и Диферданж (Луксембург).
Кога сме кај историјата ова за вториот наш најтрофеен клуб ќе биде 14-то искачање во Европа. Да потсетиме дека во златните денови на Шкендија, и тоа од 2016 до 2018, овој тим во три наврати беше на чекор до пласман во групната фаза во Лигата на УЕФА, но не успеа во тоа, за разлика од Вардар.
Гент, Милан и Розенборг едноставно пресилни.
Јасно е дека сите посакуваме чудо, но оваа Шкендија едноставно и реално ја нема таа моќ од пред 7-8 години за да ги радува своите фанови, посебно ако се знае дека во последните две години тетовци експресно беа елиминирани во ЛК уште на стартот од квалификациите.
Сепак, нели, чудата се случуваат!
Кога сме кај историјата, утре Шкендија ќе го одигра својот 54 европски натпревар.
На тие 53 евро натпревари, од Партизан до Ноа, забележала 18 победи, десет средби завршиле нерешено, а на 28 Шкендија била поразена.
Шкендија највисоката победа ја има токму против ТНС во таа 2018 година, кога дома славеше со 5:0, а највисокиот пораз бил забележан од Милан на “Сан Сиро“ со 0:6.
Шкндија сите овие години игрла и со Партизан, Абердин, Краковија, Нефчи, Гент, Милан, Ред Бул Салцбург, Розенборг, Тотенхем на Мурињо кога Англичаните гостуваа во Скопје со “Специјалниот“, но најголемиот успех го има кога во 2018 година во 2.квалификациско коло во ЛШ го мина Шериф Тираспол.