Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири и капитенот Бесарт Ибраими вечерва ја одржаа официјалната прес-конференција пред утрешниот меч со ТНС во 1. коло од квалификации за ЛШ.
„Целосно сме подготвени да се соочиме со утрешниот противник. Од почетокот на подготвителната фаза работевме многу сериозно и подготвени сме за утрешниот натпревар. Верувам дека тимот и играчите ќе го дадат својот максимум утре. Верувам дека добро ги анализиравме противниците, имаше и неофицијални натпревари кои главно беа снимени со непрофесионални камери. Но, верувам дека успеавме да ги добиеме точните информации. Има три или четири промени во тимот, главно станува збор за стандардна формација што ја користат. Се надевам дека им дадовме доволно и точни информации на играчите од кои очекувам да го дадат својот максимум утре и да оствариме позитивен резултат“, вели Беќири.
Капитенот Бесарт Ибраими вели дека ТНС е познат ривал.
„Да бидам искрен, го познаваме ТНС како противник, ги анализиравме и ги знаеме нивните позитивни и негативни страни. Познавајќи ги од минатото и со позитивни спомени од времето кога ги елиминиравме, среќни сме што повторно ќе играме и се надевам дека ќе го сториме истото повторно.“