Хулен Агиресабала доаѓа во Валенсија, Димитриевски повторно „виси“

294

Проблем за Столе Димитриевски. Нашиот репрезенаттивен голман повторно добива конкуренција во тимот на Валенсија, и неговото потенцијално место на стартер не е ни оддалеку сигурно.

По заминувањето на Мамардашвили во Ливерпул, првиот голман на Валенсија во изминатиот период, сега, менаџментот на клубот се обидува, а веројатно и ќе успее да го доведе 24. годишниот голман на Атлетик Билбао, Хулен Агиресабала.

Тој е некогашен У21 репрезентативец на Шпанија, и важи за еден од највалитетните млади голмани во Примера.

Ова значи дека него веројатно ќе му се даде шанса, а Димитриевски прашање е дали ќе има трпение да седи на клупа уште долго време или ќе побара трансфер.

FOTO ATLETIC BILBAO X

Претходно„Добро ја анализиравме Шкендија, нема да ни се повтори последниот двомеч“
СледноБеќири и Ибраими едногласно: Подготвени сме, имаме доволно информации за противникот