Ројевиќ: Немавме сила да го задржиме Филип Кузмановски

1

ГРК Охрид не успеа да го добие дерби дуелот против Пелистер. Иако имаше позитива од три гола, сепак си замина со пораз од 27-24. После 12. коло, езерскиот тим е на четвртото место на табелата со 19 бода, исто колку и битолчани.

Тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ го анализираше натпреварот, според него главна причина заа поразот е исклучувањето на Јошида. Тој призна дека немале сили да го сопрат Филип Кузмановски.

„Клучен момент на мечот беше исклучувањето на Јошида. Немавме сила да го задржиме во средината Кузмановски, губевме дуели еден на еден. Мислам дека до тој момент, кога имавме три разлика, бевме многу подобар противник. Но, подоцна, едноставно немавме сила во средината да се носиме со капитенот и загубивме дуели, го разбранивме голманот, шутиравме полу-високо, нешто што се договаравме да не го правиме. Сигурен сум дека да останеше Јошида во игра, ќе дојдевме до бодови. Честитки за Пелистер за победата и среќа во продолжението од сезоната. Ние одиме понатаму, покажавме дека и тоа како можеме да играме. Мора да извлечеме поука од мечот и да продолжиме со добрите партии. Благодарност до нашите навивачи кои дојдоа во голем број и ни дадоа поддршка, ние вративме со борбата.“, изјави Борис Ројевиќ.

ПретходноФранцузите го пријавија Атаман во ФИБА: Спорните изјави оценети како расистички