Екс-голманот на Пелистер експресно го раскина договорот со Војводина

222

Поради присуство на концертот на хрватскиот пејач Томпсон, тимот на Војводина експресно го раскина договорот со голманот Филип Ивиќ. Сега веќе поранешниот голман на Е.Пелистер пристигна во Војводина летово како големо засилување, но очигледно дека управата на клубот нема слух за она што Ивиќ го направи изминатиот викенд.
Тој присуствувал на големиот концерт на контроверзниот Томпсон, кој на хиподромот во Загреб собра преку половина милион луѓе, и тоа очигледно во Србија е недозволиво.

Па затоа, Ивиќ уште не започнат во Војводина ќе мора да си побара друга средина.

FOTO E.Pelister

ПретходноЛа Фиорита тргнува со седум новитети на гостувањето кај Вардар
СледноРаботнички прави екипа за следната сезона, Томпсон и Наков во Градски парк