Бугарскиот тенисер Григор Димитров го предаде осминафиналето на Вимблдон откако водеше со 2-0 во сетови против Јаник Синер. При резултат 6-3, 7-5, 2-2, почувствува неподнослива болка во рамото и не можеше да продолжи, па Италијанецот се пласираше во четвртфиналето, без освоен сет на денешниот дуел!
Григор Димитров одигра еден од своите најдобри натпревари оваа сезона, но потоа доживеа голем пех. Лекарите се обидоа со сè за да му овозможат да се врати на теренот, но повредата се покажа како премногу сериозна.
Италијанецот стигна до четвртфиналето на Вимблдон, каде што ќе се соочи со Бен Шелтон.