Кошаркарот на Индиана Пејсерс, Тајрис Халибартон ќе ја пропушти цела наредна сезона поради повредата која ја заработи на последниот натпревар од финалната серија против Оклахома Тандер.
Младиот репрезентативец на САД ја скина ахиловата тетива во првата четвртина од седмиот натпревар во серијата против Оклахома и ќе остане надвор од терените до почетокот на сезоната 2026/27. Неговите соиграчи немаа сила да и парираат на Оклахома и останаа со празни раце во финалето.










