Маџунков и во новата сезона ќе го носи дресот на Струмица

90
фото: VC Strumica (Facebook)

29-годишниот македонски одбојкарски репрезентативец, Филип Маџунков и следната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион Струмица. Маџунков кој има богато интернационално искуство во последните две сезони се мачи со повредите на колената, поради што во два наврати мораше да оди и на хируршки интервенции.

Откако летово ја мина и втората операција, нашиот среден блокер се врати на тренинг и веќе е дел од репрезентацијата за претстојните два квалификациски дуели со Грција и Грузија. Маџунков веќе се договорил со Струмица за продолжение на соработката, па ќе се обиде да му помогне на шампионот и во новата сезона на домашната сцена, но особено во новото учество во Лигата на шампионите.

Струмица во рамките на 1. коло од квалификациите за Лигата на шампионите за противник ќе ја има екипата на Динамо Букурешт од Романија.

ПретходноПретседателот на Торино за Елмас: Тоа е затворено поглавје!
СледноАндон Дончевски е прогласен за почесен претседател на ФК Вардар