Претседателот на Торино за Елмас: Тоа е затворено поглавје!

2217

Претседтелот на италијански Торино, Урбано Каиро, во изјава за италијанските медиуми вели дека мали се шансите нашиот репрезентативец Елиф Елмас да се врати во дресот на „биковите“ за следната сезона. Елмас вториот дел од минатата сезона го помина во дресот на Торино во Серија А и остави одличен впечаток. Торино сакаше да го задржи, но високата цена која за него ја постави РБ Лајпциг го одврати италијанскиот клуб од намерите.

На прашањето дали Елмас е затворено поглавје?, Каиро одговорил:

„Да речеме само дека сега имаме алтернативи на крилата и во нападот кои се редовни играчи. Потоа ќе видиме, трансфер пазарот секогаш крие изненадувања. Сега направивме значаен чекор и навистина сме готови 95%. Менаџерот е многу среќен, сите се многу мотивирани и среќни. Сега, мора да работиме напорно за да се осигураме дека овој тим ќе ги испорача резултатите што ги заслужува!“

ПретходноПорака од ФФМ пред почетокот на новата сезона во Прва МФЛ: Фудбалот на прво место!
СледноМаџунков и во новата сезона ќе го носи дресот на Струмица