Шкупи е клуб, кој важи за еден од најголемите во Македонија, со четири шампионски трофеи во својата историја. Но исто така е клуб кој сеуште нема назначено официјално тренер, кој е под истрага за сомнителни настапи и резултати на пријателските, клуб на кого фановите му го свртеа грбот и обвинуваат за криминал. Ова е клуб кој нема регистрирано 15 професионалци и само тој клуб не ги исполнил ВАР условите.
И што да се каже, што да се анализира за овој клуб? Ретко кој, можеби никој надвор од првите луѓе на Шкупи, не знае што навистина се случува на Чаир.
Ова за трансферите и играчкиот кадар за Шкупи земете го со резерва, зошто таму очигледно е хаос. Таму се испромовираа повеќе петолигашки играчи од Германија, таму се претставија играчи кои не играле со години.
Да, од таму со бегаат и оние кои ова лето дојдоа.
Шкупи е во големи проблеми. Не дека беше супер во минатата сезона, но во оваа овој тим е најголем кандидат за испаѓање, ако веќе ја одигра оваа 2025/26 сезона во ПМФЛ.
Штета, зошто секогаш на оваа наша ПМФЛ и треба силен Шкупи. Рековме веќе, клубот од Чаир низ својата историја во самостојна Македонија има подеми и падови, но никогаш вака не се брукал или бламирал, никогаш.