Лесно, ефектно, доминантно, моќно. Ете така нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа денеска во меч од 1/4 финалето во Куршумлијска Бања ја победи својата противничка Зајцева со 2:0 во сетови и 6:1 и 6:2 во гемови.
Ова значи дека Лина успеа да се пласира во утрешното полуфинале на овој турнир.
Ксенија Зајцева едноставно немаше шанси против нашата тенисерка колчку и да се трудеше на овој меч кој траеше околу час и половина.
Сепак Македонката ја оправда во целост фаворитската улога и успеа убедливо да победи.










