Астон Вила и Њукасл одиграа без голови!

16
ФОТО: Aston Villa F.C./FB

За разлка од синоќешниот меч на “Енфилд“, каде видовме шест гола на отворањето на новата сезона во Премиер лигата, на првиот меч од 1.коло во денешната програма, Астон Вила и Њукасл одиграа без голови, и по малку и разочараа.

Посебно домашните фудбалери кои не одиграа на нивото на кое беа навикнати нивните фанови. Домашниот состав почна да “гризе“ во второто полувреме, но исклучувањето на Конса ги натера да се задоволат со бод.

Њукасл, кој настапи очекувано без Александер Исак, беше поблиску до победата, но сепак и “страчките“ не успеаја да ја затресат мрежата па така на крајот резултатот беше 0:0.

ПретходноФК Пелистер ќе продава специјален дрес!(ФОТО)
СледноМарк Маркез со победа на спринтот во Австрија!