Марк Маркез ја заработи шестата последователна победа во овогодинешниот МОТО ГП шампионат. Предмалку Маркез прв ја мина целта на трката за големата награда на Австрија, со што ја потврди својата ретко видена доминација сезонава. Сепак, интересно е да се напомене дека ова е негова прва победа на оваа патека.
На втората позиција на трката се пласираше Фермин Алдекер, додека пак Марко Бецеки се искачи трет на пиедесталот на денешната трка.
Маркез нормално и натаму е суверен лидер во генералниот пласман со 393 поени пред неговиот брат Алекс кој е втор со 270.