Македонија противниците на ЕП 2026 ќе ги добие во октомври во Бари

17

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) информираше дека на 4 октомври во 20:45 часот, во италијанскиот град Бари, ќе се одржи ждрепката за групите на Европското првенство 2026 во машка и во женска конкуренција.

Бари е градот каде на претходното ЕП во 2023 Македонија испиша историја со настап во осминафиналето против Италија, како најголем успех на континенталните собири, а сега ќе се вратиме на оваа локација со надеж дека ќе имаме среќна ждрепка.

По синоќешното комплетирање на квалификациите познати се сите патници на ЕвроВолеј 2026. Данска, Белгија, Чешка, Естонија, Швајцарија, Грција и Словачка како првопласирани во групите заедно со Македонија, Летонија, Турција, Израел и Шведска, кои се петте најдобри второпласирани селекции се најдоа во завршницата. Италија, Финска, Бугарија и Романија како домаќини имаат директен пласман, заедно со Полска, Словенија, Франција, Холандија, Србија, Украина, Германија и Португалија, кои исто така имаат обезбеден евро-билет според пласманот од последното натпреварување пред две години.

Европското првенство ќе се одржи од 9 до 27 септември 2026 година во Италија, Финска, Бугарија и Романија.

ПретходноДиректорот на Милан има план: Ако не успееме со Хојлунд, втора опција е Влаховиќ
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА И НА 20 АВГУСТ ЌЕ НАВИВА ЗА МАКЕДОНИЈА